Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите со коишто трговците се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите кои ги нудат на својата интернет-страница

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите со коишто трговците се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите кои ги нудат на својата интернет-страница.

Според измените на законот, трговците се должни во рок од 45 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон. Законските измени влегуваат во сила со објавување во Службен весник. Во меѓувреме во период од 10 дена од донесување на измените ќе се донесат подзаконските акти со кои се регулира прашањето.

Трговците имаат обврска да ги ажурираат цените на дневна основа.

Пратениците од власта кои ги предложија измените на законот за потрошувачи по скратена постапка  очекуваат поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкуретност и намалување на цените.

– Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари бидејќи не е нормално да имаме цени во маркети кои се највисоки на балканско ниво, цени повисоки отколку што имаат членки на ЕУ, не е нормално. Сигурни сме дека во наредниот период ќе има намалување на цените што ќе биде прифатливо и за македонските граѓани – изјави Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска посочи дека овие законски измени ќе придонесат и за конкурентност меѓу самите трговци.

– Со овој закон со објавување на цените на сите поединечни производи на веб страната и на рафтовите од страна на трговците, потрошувачите ќе ги споредуваат цените и со тоа ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец. Овој закон се однесува на мали, средни и големи трговци, со што е исклучуваат микротрговците и трговците поединци- истакна Бојковска.

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, со објавувањето на цените на веб страниците на маркетите ќе се зголеми транспарентноста, фер односот и заштитата на потрошувачите.

– Првична и основна цел на овие законски измени е заштита на потрошувачите и заштита на граѓаните. Со овие измени исто така се дава овластување на инспекторите да извршат проверки доколку видат неусогласеност на цените. Со ваквото зголемување на транспарентноста сметам дека трговците ќе имаат подобар однос кон потрошувачите – нагласи Јаревски.

- Advertisement -
Ad image

Законот за заштита на потрошувачите претходно денеска беше разгледан и на собраниската Комисија за економски прашања.

Ваков закон за заштита на потрошувачи минатата недела беше донесен и во Хрватска, според кој трговците во Хрватска ќе бидат обврзани редовно да ги објавуваат и ажурираат цените на сите нивни производи на нивните веб-страници и да овозможат непречен пристап до дигитални алатки кои ќе им даде на клиентите можност да ги споредуваат цените во реално време. Во Хрватска со измените на законот се пропишува и ограничувања на цените за клучните производи и услуги, како и јасно означување на производите со ограничени цени.

Share This Article