Background

Во перидот од 17 до 28 февруари 2025, Елена Николовска е гостин-предавач на Катедрата за современ танц при УГД

Во перидот од 17 до 28 февруари 2025, Елена Николовска е гостин-предавач на Катедрата за современ танц при УГД, каде ќе работи со студентите од прва, втора и трета година на додипломски студии. Работилницата се фокусира на македонските традиционални ритми како неисцрпна инспирација за движење и експресија. Во центарот на ова искуство е техниката на „bouncing“ – природен пулс на телото што овозможува органско интегрирање со ритамот.

Николовска го стекнала образованието во Средното училиште за современ танц во Љубљана, Словенија, а го заокружила на Академијата за современ танц при Универзитетот „Антон Брукнер“ во Линц, Австрија. Таа работи со реномирани кореографи како Стела Зану, Андреса Мијазато и Јоханес Виеланд, и настапува на повеќе проекти и фестивали, вклучувајќи ги „Ars Electronica“ и „Festival Leicht über Linz“ во Австрија.

– Истражуваме ритми кои носат древни приказни – ритмот на 7/8, живописен и нескротлив, оживува преку традиционалните македонски танци како Пајдушко и Право оро. Овие ритми не се само метрика на времето; тие се пулс на една култура, начин на комуникација и чествување. Учесниците не ги учат комбинциите само како композиција, туку како медиум за пренесување емоции, приказни и историја преку телото и техниката. Оваа работилница е покана за длабоко лично истражување – секој учесник се охрабрува да го открие својот уникатен танц и однос со ритамот. Играме со просторот, низ солистички, дуетни и групни танци, низ динамичен однос со музиката и нашите импулси. Ова не е само танц, туку патување во сензациите на телото, во длабочините на звукот и во слободата на движењето. Мојата љубов кон македонската традиционална музика и ритми е особено значајна во моето предавање. Во работилниците што ги водам, го комбинирам современиот танц со богатите македонски ритми, овозможувајќи им на учесниците да ја почувствуваат енергијата и автентичноста на овие звуци преку движење – вели Николовска за начинот на кој работи.

- Advertisement -
Ad image

Деканката на Филмската академија, професор д-р Рисима Рисимкин е задоволна од соработката со младата уметница Елена Николовкса.

– Со универзитетот „Антон Брукнер“ имаме воспоставено традиционална соработка преку неформалната мрежа на Европски универзитети и Академии за танц „Share“. Катедрата за современ танц, при универзитетот „Гоце Делчев“ постојано спроведува иновативни работилници со предавачи-гости, преку кои им овозможуваме на нашите студенти нови искуства и сознанија, со цел да се збогатат како уметници, при што им помагаме во оформувањето на професионалниот танчерски идентитет. Посебно ми е драго што Елена Николовска, која потекнува од нашите краишта, ја спроведува оваа работилница, таа има прекрасен пристап и одлично ги води часовите – вели Рисимкин.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation