Мајкл Лохан, татко на познатата актерка и пејачка Линдзи Лохан, е уапсен во Тексас под обвинение за семејно насилство.
Според извештаите на медиумите, тој наводно ја соборил сопругата Кејт Мејџор од столот, пишува ТМЗ, повикувајќи се на судски документи.
Според зборовите на извори, Мајкл Лохан бил приведен во саботата под обвинение за „континуирано семејно насилство“.
Сè било откриено кога Кејт во текот на лекарски преглед и рекла на полицијата дека нејзиниот сопруг неколку дена претходно физички ја нападнал во нивниот дом. Таа изјавила дека во таа прилика почувствувала болка и непријатност.
Еден од полицајците забележал модринки на Кејт, по што инспекторите разговарале со Мајкл Лохан. Тој бил уапсен во својот дом без отпор.
Мајкл Лохан во моментот е во притвор, а кауцијата му е одредена на 30.000 долари. Тој денеска треба да се појави пред судот.