Службеник во Министерството за финансии изработувал лажни решенија за приватизација на имот и им помогнал на повеќе лица да се стекнат со противправна имотна корист, информираше ОВР Струга. Полицијата поднесе пријава против 60-годишнио А.М. осомнижен за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење во службата”.
„Тој, во својство на советник и овластен потписник на акти, вработен во Министерство за финансии – Управа за имотно – правни работи, искористувајќи постоечки уписни броеви од други баратели за приватизација на земјиште, свесно изработувал лажни исправи и решенија за приватизација на земјиште на други лица“, се вели во полицискиот билтен.
Струшката полиција соопшти дека „со лажно изготвените решенија за приватизација на земјиште, пријавениот ја избегнувал законската процедура и не ги испраќал до Државното правобранителство, чекал 15 дена и по истекот на рокот од донесување на решенијата, истиот самоволно им втиснувал службен печат за правосилност и ги испраќал до Одделението за катастар на недвижности Струга“.