Background

ГОТОВИ СЕ НОВИОТ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК И ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

Новите текстови на Кривичниот законик и на Законот за кривичната постапка се завршени, а до крајот на октомври ќе бидат испратени на мислење до Европската комисија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека остануваат само последните усогласувања на двата закона, со кои Владата очекува да затвори процес што трае од 2019 година.

Мицкоски изјави дека вчера одржал состанок со министерот за правда, претставници на Министерството за правда, неговиот кабинет, СДСМ и работната група што ги подготвувала законските решенија.

– Тоа е процес што трае многу одамна, мислам дека е од 2019 година. Оваа Влада, конечно, дојде до ситуација да ги затвори овие два закона – рече премиерот.

- Advertisement -
Ad image

За понеделник е закажан нов состанок на работната група, на кој ќе бидат усогласени последните забелешки од разговорите.

– Во понеделник тие ќе имаат состанок на којшто ќе направат „фино нивелирање“ на сето она што го разговаравме вчера – објасни Мицкоски.

Според него, од Министерството за европски прашања веќе добиле информација дека двата текста се преведени. Доколку во понеделник бидат направени дополнителни измени, ќе бидат коригирани и соодветните делови од преводите.

– Очекувам до крајот на месецов да ги пратиме до Европската комисија на мислење и потоа да чекаме мислење од Европската комисија – изјави премиерот.

Мицкоски тврди дека новите законски решенија се изработени во согласност со препораките и стандардите на Европската Унија. Сепак, нивната усогласеност допрва треба да ја оцени Европската комисија.

Премиерот повторно упати остри критики кон претходната влада на СДСМ и ДУИ, обвинувајќи ја дека со измените на Кривичниот законик се обидела да обезбеди политичка амнестија за функционери.

Според него, измените биле донесени под превезот на европското знаме, а со бришењето одредби од Кривичниот законик бил нарушен правосудниот систем.

– Сега, за жал, рацете се врзани и не можат така едноставно да бидат изведени пред лицето на правдата, иако сите ние знаеме дека тие од голтари станаа милионери и тоа претставува уште едно непријатно изненадување за граѓаните – рече Мицкоски.

Изјавата премиерот ја даде при отворањето на ново училиште во скопската општина Гази Баба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖