Сопственик на угостителски објект од Струга се соочува со кривична пријава за кражба на електрична енергија, откако полицијата открила дека користел нелегален уред за манипулација со потрошената струја

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сопственик на угостителски објект од Струга се соочува со кривична пријава за кражба на електрична енергија, откако полицијата открила дека користел нелегален уред за манипулација со потрошената струја, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информациите, ОВР Струга поднела кривична пријава против правното лице и неговиот сопственик, 28-годишниот А.Р. од Струга, за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот неовластено поставил посебен уред во просториите на неговиот угостителски објект, со кој вршел измени во регистрираната потрошувачка на електрична енергија. На тој начин, незаконски намалувал пријавени киловати и се стекнал со противправна имотна корист.

Според истрагата, кражбата на струја се одвивала во периодот од февруари 2024 до јануари 2025 година, при што на надлежната енергетска компанија ѝ била нанесена материјална штета од околу 260.000 денари.

Полицијата продолжува со истрагата, а против сопственикот ќе следуваат соодветни законски постапки

Share This Article