Сандеј Роуз, 18-годишната ќерка на Никол Кидман, го оствари сонот што го имала уште на 16 години – да учествува на модната ревија „Вог ворлд“. Младата манекенка се присети како пред две години со мајка ѝ била во Париз, ја гледала ревијата преку интернет и си замислувала дека еден ден и самата ќе биде дел од спектаклот.
– Пред две години дојдов во Париз со мама и се сеќавам дека слушнав дека токму тој ден се одржува „Вог ворлд“. Се вратив во хотелот и го гледав преносот на Јутјуб – сите тие прекрасни жени, музиката и целиот спектакл. Во Милано ми текна дека оваа година и јас ќе учествувам на ревијата. Јас на 16 години ќе плачев од среќа, а плачев и сега, на 18. Имам голема среќа што можам да доживеам вакви работи и да запознаам толку многу луѓе – напиша Сандеј на Инстаграм.
Таа во септември учествуваше на „Вог ворлд 2026“, во рамките на Модната недела во Милано. Се појави во полупроѕирен бел фустан со длабоко деколте, ѕвонести ракави и лелеава силуета, украсен со нежни цветни везови.
Во интервју за ноемвриското издание на „Вог“, Никол Кидман зборуваше за тоа како ги советува своите ќерки да се справуваат со јавниот притисок. На прашањето за омразата, осудувањето и нападите на интернет, актерката одговори:
– Едноставно свртете се и заминете. Затоа што тоа ќе ве скрши. Ќе ве уништи.
– Тоа многу ме плаши. Но јас почнав да работам на 14 години, па всушност немам право да зборувам – додаде таа.
Сандеј претходно за магазинот „Најлон“ откри дека мајка ѝ ѝ поставила две важни правила кога станува збор за манекенската кариера.
– Имаше две важни правила. Првото беше дека не смеам да се занимавам со мода пред да наполнам 16 години. Второто беше дека училиштето секогаш мора да биде на прво место. На почетокот ги мразев тие правила, но сега ми е драго што постојат, бидејќи ми помагаат да останам приземјена – раскажа таа.
Tagged as:
ЌЕРКАТА НА НИКОЛ КИДМАН ГО ОСТВАРИ СВОЈОТ СОН „Плачев од среќа“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
