Background

Вања се бори за живот, семејството не може да ја посети

Стјуардесата Вања Виќентијевиќ (32) од Белград е една од тројцата тешко повредени во несреќата кога авион на „Делта ерлајнс“ се преврте при слетување на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, Канада.

Редакцијата на српски „Блиц“ стапила во контакт со семејството на Вања.

– Вања работеше како стјуардеса на летот 4819, а при слетувањето на аеродромот Пирсон во Торонто беше тешко повредена. При превртувањето на авионот, ребро ѝ ја пробило белодробната марамица и сега таа не е во свесна состојба. Нејзината состојба е критична и се бори за живот. Толку ни кажаа од болница, друго не знаеме – изјави за „Блиц“ нејзината роднина Мирјана Дориќ.

- Advertisement -
Ad image

Таа додала дека од болницата побарале некој од семејството на Вања да дојде.

– Ние не сме во можност да ја посетиме, а и посети се забранети. Семејството е очајно, се надеваме на најдоброто и дека ќе се извлече. Само тоа ни останува – вели Дориќ.

Според последните информации, најмалку 18 лица се повредени, од кои три потешко, откако вчера при слетување на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто се превртел авион со кој управувала американската компанија „Делта ерлајнс“.

Меѓу тројцата тешко повредени е дете кое со возило на брза помош било пренесено во детската болница во Торонто. Сите 80 патници преживеале, а по превртувањето виселе наопаку на седиштата.

Истрагата за несреќата ќе ја водат канадските власти, бидејќи се случила на канадска територија. Детали за причините за инцидентот сѐ уште не се познати.

Објавена е и нова снимка на која од друг агол и јасно се гледа моментот на превртувањето на авионот на пистата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation