Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, предупреди дека колеџите и универзитетите, кои ја спроведуваат политиката за правична застапеност, ќе бидат лишени од федералното финансирање.
Новата администрација на Трамп врши огромни напори за укинување на таканаречената политика за разновидност, еднаквост и инклузивност (ДЕИ) при вработување во федералната влада и во приватниот сектор.
Активистите за човекови права тврдат дека со програмите на ДЕИ се помагаат маргинализираните заедници со тоа што се намалува нееднаквоста која потекнува од историски преовладувачкиот расизам во САД. Трамп и неговите истомисленици сметаат дека овие програми се дискриминаторски кон белците и кон мажите.
Во писмо од Министерството за образование, испратено до колеџите, се наведува дека во наредните 2 недели ќе се спроведе проценка за усогласеноста со федералните закони за граѓански права, а институциите, што нема да ги почитуваат овие закони, може да се соочат со потенцијална загуба на федералното финансирање.
Програмите за ДЕИ активно се спроведуваа од претходната администрација на Џо Бајден, со цел, поправично застапување во федералната влада на групи кои историски биле маргинализирани, како што се Афроамериканците, припадниците на ЛГБТК+ заедницата, жените, лицата со попреченост и други етнички малцинства во САД.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
