Background

Зеленски ги посети Емиратите додека се крчка состанокот во Саудиска Арабија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да ги признае руско-американските преговори за ставање крај на војната во Украина, пишува британски Гардијан. Првата фаза од преговорите треба да започне во вторник на 18 февруари во Ријад во Саудиска Арабија кадешто веќе пристигна американскиот државен секретар Марко Рубио, а се очекува да пристигнат и рускиот шеф на дипломатијата и помошникот на рускиот претседател.

– Украина нема да учествува во овие преговори, не знаеме ништо за нивното одржување во Саудиска Арабија. Украина верува дека преговорите за Украина без неа се без резултати. Ние не ги признаваме таквите резултати – рече Зеленски кој денеска е во посета на Обединетите Арапски Емирати откако деновиве присуствуваше на Минхенската безбедносна конференција.

Како што претходно објави Кремљ, работата првично ќе се фокусира на обновување на односите, како и подготовка за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Владимир Путин. Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин за надворешни работи, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека Русија и САД допрва треба да се договорат за тоа како да започнат преговорите за Украина.

- Advertisement -
Ad image

На Минхенската безбедносна конференција, американскиот специјален пратеник Кит Келог најави дека Европа нема да учествува во мировните преговори, туку дека ќе има советодавна улога.

Истовремено, во Париз клучните европски лидери се собраа на покана на францускиот претседател за да разговараат за идните стратешки чекори поврзани со ситуацијата во Украина по „американска дипломатаска офанзива“ на конференцијата во Минхен. Европските лидери ќе разговараат и за одбраната на Европа и на Украина.

Кир Стармер, премиерот на Обединетото Кралство, во неделата рече дека е подготвен да ги стави британските трупи на терен во Украина доколку има договор за ставање крај на војната со Русија. Додека Русија постојано ја отфрла можноста за европски сили во Украина, Москва се чинеше дека ја ублажи својата реторика во понеделникот, а портпаролот на Кремљ, Песков, го нарече тоа „комплексно прашање“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation