Background

Европа се вади на Босна за да ја пролонгира исплатата за Западен Балкан

Првите редовни исплати на средства во рамки на Планот за раст на Западниот Балкан се очекуваат помеѓу вториот и третиот квартал од 2025 година, откако ќе бидат исполнети предвидените услови за тоа, изјави за МИА портпарол на Европската комисија.

Тој посочи дека за спроведување на реформите утврдени со Реформските агенди подготвени како дел од Планот на ЕК за раст на Западниот Балкан, шесте земји од регионот може да побараат средства во форма на предфинансирање во износ до седум отсто од вкупната сума предвидена со овој инструмент за секоја од нив.

– Тоа го побараа сите пет корисници со одобрени Реформски агенди, освен Босна и Херцеговина која сѐ уште не ја достави својата Реформска агенда. Комисијата сега ги финализира процедуралните чекори, кои треба да овозможат исплата на предфинансирањето што е можно поскоро во 2025 година. Првите редовни плаќања се очекуваат помеѓу вториот и третиот квартал во 2025 година по исполнување на предвидените услови – додаде портпаролот во изјавата.

- Advertisement -
Ad image

Медиуми од регионот викендов објавија дека првите исплати од Планот за раст за Западниот Балкан нема да бидат извршени во првата половина од оваа година, како што беше претходно најавено.

Според овие наводи, застојот е предизвикан поради тоа што земјите од регионот треба да склучат договори за позајмици со Европската Унија, бидејќи дел од средствата што ќе им се доделат во рамки на Планот се во форма на заеми, а дел грантови, па секој од тие договори имаат карактер на меѓународна спогодба што мора да биде ратификувана од Парламентот на соодветната држава.

Нашето Собрание на 27 декември минатата година по скратена постапка го усвои Законот за задолжување со заем кај Европската Унија по Договор за заем од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, со кој се овозможува исплата на над 750.000 евра како предфинансирање за земјава од Планот за раст.

– Македонија со целосно спроведување на реформите од Реформската агенда ќе добие 750.354.553 евра во периодот 2024-2027 година, од кои 535.012.159 евра заем и 215.342.394 евра грант. Од нив 349.095.433 евра заем се наменети за буџетска поддршка, а 185.916.725 евра заем и 215.342.394 евра грант се наменети за инвестициски проекти. Најмалку 37 отсто од грантот ќе бидат наменети за климатски цели. Сите повлечени средства од заемот ќе се отплаќаат најдоцна 40 години од датумот на потпишување на Договорот за заем со вклучен грејс период до 10 години – посочи Министерството за финансии при предлагањето на Законот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation