Луси Назарио де Лима, попознат како Роналдо, во кариерата играше со бројни легенди, но сега проговори и за играчи кои не се баш од тој статус.
Популарниот Феномено во подкаст со својот сонародник и уште една бразилска легенда Ромарио го издвои најлошиот соиграч со кој ја делел соблекувалната во текот на кариерата.
Неблагодарната титула му припадна на Томас Гравесен.
Данскиот фудбалер потпиша за Реал Мадрид во јануари 2005 година и таму помина само една сезона. Тој баш и не го импресионираше Зуба и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
„Имаше еден играч во Реал кој се шегуваше. Гравесен. Тој беше дански играч од средниот ред. Тој навистина беше добар човек. Пред некое време освои 50 милиони долари или нешто слично на турнир во покер. Но, во фудбалот беше многу лош, ги уби сите околу себе“, изјави Роналдо.
По една сезона на Сантијаго Бернабеу, Гравесен замина во Глазгов и потпиша за Селтик. Таму остана две години и уште една година на позајмица во Евертон, со што ја заврши професионалната кариера.
За данската репрезентација одигра 66 натпревари, постигна пет гола и три асистенции.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖