Со голот на Џејмс Медисон Тотенхем попладнево го победи Манчестер јунајтед. Клучниот момент се случи уште во 13. минута кога Медисон го совлада Онана за водство од 1-0 кое на крајот се покажа и како конечен резултат.
Тотенхем скокна на 12. место, а Манчестер јунајтед падна на 15. позиција на табелата во Премиерлигата.