Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот профил на Тик-Ток објави хумористично видео.
Имено, тој одговори на предизвик на оваа платформа во кој погодуваше каков газиран пијалак пие. Вучиќ на снимката пиеше 4 различни газирани пијалаци (Кока-Кола, Кока-Кола Зеро, Пепси и Кокта), објави српски Информер.
Успеа да го погоди само вкусот на Кокта.
„Откако решија од мене да направат мечка на панаѓур, тука ми ставија 4 газирани сокови. А сега треба да погодам кој е Кока-Кола, кој Пепси, кој Кокта, а кој Зеро. Цел живот пијам Зеро, сè ми е збркано“, рече Вучиќ.