За време на прекинот на адвокатската работа, од 3 до 11 февруари, во Вишиот суд во Белград се одржаа 20 кривични судења во прв степен од 209 што беа закажани, пишува денеска „Политика“.
Во Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата се закажани 28 рочишта, а одржани се две, додека во Одделението за малолетници од 77 закажани рочишта одржани се 38 судења, пишува весникот.
Весникот „Политика“ пишува дека секој ден се одложуваат најголем број судски процеси, а во првостепениот парничен оддел на Вишиот суд во Белград се одржале 11 од вкупно 687 закажани рочишта.