Се распаѓа мрежата на штекли – Уапсен и Дарко Голубовски – Кнеле со 4,5 килограми кокаин

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дарко Голубовски – Кнеле, препознатлив по своето појавување во спотот за песната „Алал Вера“ на Слаткаристика и како гостин во Лазаров Подкаст, од вчера се наоѓа во притвор под сомнение дека бил вклучен во трговија со дрога за познатиот нарко бос Раде Трајковски – Штекли, открива Радио Лидер.

Во полициската акција се запленети околу четири и пол килограми кокаин, а како еден од осомничените е идентификуван токму Голубовски, жител на Керамидница, познат во скопските кругови како Кнеле.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, објави дека со оваа акција, групата околу Штекли се проширила со уште двајца нови членови, кои сега се наоѓаат во притвор во Шутка.

– Одземени се над 4 килограми кокаин од групата на Штекли. Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавниот обвинител, продолжуваме со активностите против оваа криминална група. По само нецел месец од претходната акција, повторно запленивме значителна количина дрога од истата банда. Борбата против недозволената трговија продолжува – нема непобедливи криминални структури – изјави Јанев.

Според информациите од ОЈО Скопје, по анализа на материјалните и видео докази собрани при претресите на 18 и 19 јануари, од слобода биле лишени две лица, меѓу кои и Голубовски.

Истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика откриле дека првоосомничениот, приведен во Гевгелија, сокрил 3,5 килограми кокаин во бункер на патничко возило.

„При дополнителни претреси во домовите на приведените, пронајден е уште еден килограм кокаин. Обвинителството издаде наредба за истрага и побара притворски мерки од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје“, информираат од ОЈО.

Во скопските кругови, Дарко Голубовски важи за контроверзна фигура која редовно се движи во криминални друштва.

Ако го отворите неговиот Фејсбук профил, таму ќе забележите фотографии со членови на скопското подземје. Освен во близина на Раде Штекли, како и со познати скопски угостители, но и со јавни личности.

- Advertisement -
Ad image

Самиот Голубовски сведочеше во Лазаров Подкаст дека прекарот Кнеле сам си го доделил, бидејќи бил импресиониран од српскиот дизелаш Александар Кнежевиќ – Кнеле, кој беше убиен во 1992 година.

Освен тоа, јавноста го памети и како херој во спотот за песната „Алал Вера“ на раперот Марко Маринковиќ – Слаткаристика.

Share This Article