Специјалнaта единица „Кобри“, која го штити претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го подигна степенот на заштита на највисоко можно откако експлодирала гума на неговото возило, објави српски Блиц.
Разгледувајќи ги сите околности и крајно опасната ситуација на која беше изложен шефот на државата, одговорните за неговото обезбедување решија максимално да ги заострат мерките за заштита.
За потсетување, Вучиќ во саботата бил во автомобил кога му пукнала губа или кога паднало тркалото додека патувал за Мокрин каде што бил во посета на локалните жители. Тој во моментот на инцидентот бил во службено возило.