Станбена зграда во источна Москва која се простира на 800 квадратни метри е зафатена од пожар. Во зградата се заробени повеќе од 100 луѓе.
По интервенција на противпожарните екипи спасени се 80 лица, додека уште 120 се евакуирани. Три лица се пренесени во болница поради вдишување чад, но нивната состојба е стабилна. Итната помош ја потврди оваа информација.
На пожарот, како што пренесува РИА Новости, му е доделен четврти степен на сложеност, од вкупно пет.
„Вработените во Министерство за вонредни ситуации гаснеа пожар во Москва. Поставени се специјални скали за спасување на луѓето од горните катови“, објави Министерството за вонредни ситуации на својот канал Телеграм.
На снимки од пожарот објавени на мрежата Х се гледа како станарите на зградат се обидуваат да се спасат со скокање од прозорец.