Повеќе од 200.000 луѓе на улиците во Минхен, против екстремната десница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повеќе од 200.000 луѓе учествуваа во денешниот протест во Минхен против екстремната десница, соопшти германската полиција.

Две недели пред предвремените парламентарни избори, демонстрантите под мотото „Потребни и сте на демократијата“ се спротивставуваат на каква било соработка со ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД).

Додека „Бабите против екстремната десница“, движење формирано во 2018 година, денеска повика на демонстрации во неколку германски градови, меѓу кои и Хановер, каде учествувале околу 24.000 луѓе.

Минатата недела во Берлин против ултрадесницата протестираа повеќе од 160.000 луѓе.

Протестите беа иницирани минатата недела откако конзервативниот кандидат (ЦДУ) за канцелар и фаворит во анкетите Фридрих Мерц почна да се приближува до АфД, односно побара поддршка во Парламентот за усвојување на необврзувачки предлог за блокирање на сите странци без документи, вклучително и баратели на азил, на границата.

Традиционалните партии досега одбиваа секаква соработка на национално ниво со екстремната десница во име на така наречениот „заштитен ѕид“ подигнат против оваа националистичка и антиимигрантска формација.

Предвремените парламентарни избори се закажани за 23 февруари.

Share This Article