Background

СЕРИЈА ОД 20 ЗЕМЈОТРЕСИ СЕ РЕГИСТРИРАНИ НА ГРЧКИОТ ОСТРОВ САНТОРИНИ

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини.

Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

- Advertisement -
Ad image

Претходно, земјотрес со јачина од 3,4 степени беше регистриран во 8.33 часот. а две минути пред тоа земјотрес со јачина од 3 степени. Истата магнитуда на земјотресот е забележана и во 7.54 часот. И нешто по 19 часот земјотрес со јачина од 3,4 степени.

Од полноќ на Санторини се регистрирани повеќе од 20 земјотреси.

Вонредна состојба е прогласена на грчкиот остров Санторини по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.

Најсилниот земјотрес, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, го погоди островот во средата вечерта, а се случи на длабочина од пет километри, по напливот на сеизмичката активност.

Илјадници луѓе го напуштија Санторини и околните острови во Егејското Море поради страв дека допрва треба да дојде уште еден – многу поинтензивен – земјотрес, кој може да доведе до цунами или дури и вулканска ерупција.

Грчките власти претходно прогласија вонредна состојба до 1 март.

„Со одлука на Генералниот секретаријат за цивилна заштита, општина Тира прогласува вонредна состојба, со цел да се одговори на вонредните потреби и да се справат со последиците од сеизмичката активност што неодамна се случи во споменатото подрачје. Оваа одредба ќе важи до 1 март“, се наведува во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation