Германија е предводник на неформални разговори меѓу десетици членки на НАТО за распоредување војници на Алијансата на островот Гренланд, доколку американскиот претседател Доналд Трамп изрши воена окупација, тврдат дипломатски извори за британски „Телеграф“.
На средбата се поставило и прашањето дали постои можност за повикување на членот 5, клаузулата за заемна одбрана на западната воена алијанса, во случај на американска инвазија на друга земја членка на НАТО.
Трамп повеќепати најави дека не исклучува употреба на сила за присвојување на островот кој е под данска управа. Тој рече дека одлуката на Копенхаген да одбие да се откаже од арктичкиот остров ќе ја смета за „непријателски чин“, додека Русија и Кина вршат притисок да го зголемат своето присуство во областа.
Учеството на Берлин во тајните разговори наиде на критики од некои од најжестоките поддржувачи на Киев во НАТО, со оглед на одбивањето на германскиот канцелар Олаф Шолц да размисли за распоредување војници во Украина.