Преку контакти на Кираца, Гоце дошол до снимките од Велес

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Еден од поддржувачите на партијата Десна, кои протестираа пред Основниот Кривичен суд пред претходното рочиште што се одржа на 3 февруари 2025година, влегол во просторот од судницата наменет за новинари и дофрлал за време на денешното рочиште.

Тој навредувал и дофрлал до обвинителката „Ова ли е судење?“, „Ова ли е правда?“…

Полицајата два пати го опоменувала да се смири зашто ќе биде отстранет. По некое време, тој престанал да дофрла и не бил исфрлен од судницата.

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше Гоце Трајковски, син на Кираца Трајковска, кој подолго време не беше достапен на органите на прогонот и чие сведочење беше одложувано неколку пати.

Гоце сведочеше дека инспекторите Дејан Димовски и Музафер Харишиќ побарале од него да оди во домот на сестрата на Александар, Оле, за да провери да не е таму скриена Вања.

– Од МВР ме тераа да одам кај неа во стан да видам дали Вања е скриена во плакар или во тоалет. Ме прашаа дали знам дали Александар чува куче „кангал“ дома. Јас им реков дела не верувам оти тоа е големо куче а Александар живее во стан. Кога прашав зошто ме прашуваат, ми рекоа: „Проверуваме да не чуваат со Палчо заедно такви кучиња“. После ме натераа да одам кај Оле да ја барам Вања во плакар. Појдов и ѝ кажав на Оле зошто сум таму, а таа ми дозволи. Донесете детектор за лага и ставете ме мене и Музафер. Никогаш не сум му се јавил да го прашам до каде е истрагата – рече Гоце одговарајќи на прашања од адвокатот на Александар, Владимир Туфегџиќ.

– Дали од вашиот пријател од „Сејф сити“ дознавте дека „цитроенот“ е на исчезнат велешанец? – праша Туфегџиќ.

– Да, ме известија дека колата се бара веќе три дена – рече Гоце.

– Дали со Дејан Димовски и со Музафер Харишиќ сте имале директен контакт или преку СМС пораки? – праша Туфегџиќ.

- Advertisement -
Ad image

– И директно и преку СМС. Ме тераа да го сликам Александар што прави дома. Ме повикаа во канцеларија кај нив, навечер околу 9 часот. Со инспекторите прво се сретнавме пред зграда кај Александар. Ме прашаа што мислам за случајот. Јас реков дека мислам дека Панче е педофил и дека ја намамил Вања да влезе во кола кај него. Тогаш Музафер ми рече дека паметно размислувам и ме покани на разговор во канцеларија во СВР Скопје – рече Гоце по што додаде дека веќе не се видел со Александар после тоа.

Гоце Трајковски дознал за судбината на Вања од извесна Маја, која била братучетка на мајката Зорица.

– Ме фати паничен напад, веднаш избегав од дома. Почнаа да ми вртат другари дека имало полиција во Скопска Црна Гора. Ми се јави и инспекторот Музафер. Ме натера да му се јавам на Александар, ама тој ништо не знаеше – рече Гоце.

- Advertisement -
Ad image

– Дали може да потврдите дека вие од вторникот до моментот на пронаоѓањето на Вања сте му споделувале информации на таткото кои претходно сте ги добиле од врски во полиција? – праша Туфегџиќ.

– Сѐ што знаеше таткото, знаеше од мене. Сите информации одеа преку мене – рече Гоце.

– Како стасаа до Вас снимките од камерите во Велес? – праша Туфегџиќ.

– Мајка ми од Белград постојано се интересираше за случајот. Се јавила на луѓе во Велес и ми рече да го побарам братучед ми кој го познавал Панче. Му се јавив и му кажав што мислам, дека може да е педофил и дека тој можеби ја грабнал Вања. Тој ми рече дека Панче во скоро време јадел ќотек од некој излезен од затвор. Така, преку наши луѓе дојдовме до снимките од бензинската во Велес – рече Гоце.

Следното рочиште е закажано за 14 февруари 2025 година.

Share This Article