Европската комисија (ЕК) денеска испрати барање до интернет платформата за онлајн трговија „Шин“ за доставување подетални информации за „ризиците поврзани со присуството на нелегална содржина и стоки на нејзиниот пазар“, како и за транспарентноста на нејзините системи за препораки за корисниците.
Покрај ова, Комисијата бара од „Шин“ да ѝ обезбеди и детални информации за мерките, што ги има преземено, за ублажување на ризиците поврзани со заштитата на потрошувачите, јавното здравје, подобрувањето на благосостојбата на корисниците, како и за заштитата на нивните лични податоци.
„Шин“ мора да ѝ ги достави бараните информации на ЕК најдоцна до 27 февруари и врз основа на проценката на добиените одговори Комисијата ќе решава за следните чекори.
Доколку се потврдат сомнежите на ЕК, таа може да покрене формална постапка против „Шин“ во согласност со член 66 од Законот за дигитални услуги на ЕУ поради прекршување на неговите одредби.
Против „Шин“ во тек е истрага што ја води европската Мрежа за заштита на потрошувачите во координација со ЕК, насочена кон проверка на усогласеноста на онлајн платформата со обврските од законодавното на ЕУ за правата на потрошувачите.
Европската комисија вчера промовираше сеопфатен Инструмент за безбедна и одржлива е-трговија, кој треба да овозможи справување со предизвиците со кои се соочува ЕУ при увозот на стоки со мала вредност од трговци од земји кои не се членки на Унијата, како и да обезбеди спроведување на одредбите од Законот да дигитални услуги кои се однесуваат на онлајн трговијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖