Продолжува период на стабилно и суво време, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Кон средината на следната седмица се очекуваат локални врнежи, претежно од снег, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најниската температура во текот на утрешниот ден се очекува да достигне -6 степени Целзиусови. Според најавата, максималната температура ќе достигне 11 степени Целзиусови во Гевгелија.
Во Скопје во текот на утрешниот ден се прогнозира температурата да достигне максимум 8 степени Целзиусови.