По традиција во рамки на одбележувањето на годишнината од смртта на Григор Прличев беа положени лавров венец и свежо цвеќе пред спомен – бистата на Прличев во паркот пред НУ Библиотеката „Григор Прличев“. Пригодно обраќање имаше Претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Живко Грозданоски по што во библиотеката со богата културна програма се одржа Прличевата визита.
Годинешните свечености во чест на Прличев завршуваат вечерва со свечената приредба по повод Патрониот празник на ООУ Григор Прличев што ќе се одржи во Центарот за култура. Почетокот на приредбата е закажан за 19:00 часот.