Background

Двајца полицајци се суспендирани поради прекумерна употреба на сила за време на протестите во Тирана

Двајца полицајци се суспендирани поради прекумерна употреба на сила за време на протестите во Тирана.

Европската Унија повика да се истражат наводите за полициско насилство. Одлуката доаѓа по четири последователни дена судири меѓу демонстрантите и полицијата во албанската престолнина.

Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема ја потврди суспензијата на двајцата полицајци, во услови на растечки тензии и меѓусебни обвинувања за насилството на улиците.

- Advertisement -
Ad image

Според податоците што министерот ги соопшти во петокот, во протестите во изминатите денови биле повредени 156 лица, меѓу кои 97 припадници на полицијата.

Најмалку 160 лица биле уапсени, според последниот објавен биланс од четвртокот вечерта.

 

 

Насилните судири продолжија и во петокот вечерта, кога полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите што фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери.

Новинар на агенцијата АФП забележал маскирани групи што кршеле излози, ограбувале продавници и се обидувале да пристапат до владини објекти во центарот на Тирана.

Судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град.

Европската Унија изрази загриженост поради развојот на настаните, го осуди насилството и повика на истрага за наводите за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата.

 

 

Министерот Дема, пак, оцени дека зад насилството стојат групи што се обидуваат да ја преземат власта со сила.

– Имаме многу повеќе причини да се обединиме и да работиме за доброто на нашата земја отколку да се судираме. Ова е прикриен обид на оние што сакаат да ја преземат власта со насилство – изјави Дема во петокот.

Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт веќе 13 години. Дел од незадоволството е поврзано и со условите за образование и висината на универзитетските школарини.

 

Во петокот, стотици луѓе се собрале пред Министерството за образование, извикувајќи пароли со кои барале оставка од премиерот.

– Не сме криминалци. Едноставно сакаме подобар живот за нашите родители и за нас. Не сакаме да ја напуштиме Албанија – изјавила за АФП 18-годишната Ледија, која побарала да биде идентификувана само по име.

Протестите се прошириле и во други албански градови, каде што, според локалните медиуми, биле организирани студентски блокади и собири со помалку насилни инциденти.

 

 

Премиерот Рама во петокот ги обвини неименуваните странски сили дека ги поттикнуваат немирите со цел да го попречат европскиот пат на Албанија.

– Тоа се странски раце што не сакаат Албанија да биде во мир – порача Рама во видеопорака објавена на неговата страница на Фејсбук.

Тој не прецизираше на кои држави или групи се однесуваат обвинувањата.

Протестите во Албанија траат со месеци, а од вторникот во Тирана секојдневно се регистрираат насилни судири. Меѓу прашањата што го поттикнаа незадоволството е и проектот за луксузен хотел поврзан со Иванка Трамп и Џаред Кушнер, кој демонстрантите го поврзуваат со наводна корупција и нееднаквост.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖