Словачката гасна компанија SPP почна да увезува руски гас преку гасоводот Турски тек од 1 февруари, а испораките се очекува да се удвојат од април, изјави во четвртокот претседателот на компанијата Војтех Ференц, објавија локалните медиуми.
Компанијата не планира да го раскине договорот со руската групација Газпром, кој трае до 2034 година, изјави Ференц за информативната веб-страница „Денник Н“.
Извозот на руски гас преку цевководи од советската ера низ Украина престана на 1 јануари, откако Киев одби да го обнови транзитниот договор со Москва.
Словачка и Унгарија побараа продолжување.
Словачкиот премиер Роберт Фицо минатиот месец изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и ветил на Словачка дека Гаспром ќе најде алтернативни начини за испорака на договорениот гас.