Background

Александар Николоски-Министерството за транспорт работи проект за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром и на воведување најмалку две до три нови авиолинии

Министерството за транспорт работи проект за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром и на воведување најмалку две до три нови авиолинии, обзнани вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во интервју за Блумберг Адриа.

Тој додаде дека очекува оваа политика на финансиска подршка да го зголеми квалитетот и бројот на патници на домашните аеродроми.

– Многу сум горд на оваа работа бидејќи направивме целосна промена на политиките на подршка на субвенционирање. Претходно за жал двата аеродроми тонеа неколку години, а пред тие години беа шампиони во регионот. Од ситуација на шампиони дојдовме до ситуација да тонат, но мислам дека се повторно ќе го вратат стариот сјај. Имаме 9 нови авиолинии за само пет месеци откако ја почнавме оваа процедура. Работиме проект кој што многу брзо очекувам да излезе во јавноста за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром како и таму би се подобриле условите за работа. Работиме на најмалку уште две до три авиолинии со коишто очекувам да излеземе со околу 12 и да го заокружиме овој период што ќе значи дополнителен квалитет и патници во Македонија. Дел од тие линии се атрактивни и за дијаспората. На пример линијата Истанбул-Охрид е многу атрактивна за дијаспората и за Австралија и за северноамериканскиот континент бидејќи веќе се продаваат авионски карти Торонто-Охрид или Њујорк -Охрид или Вашингтон -Охрид или Сиднеј -Охрид. Исто така и линијата за Женева беше нешто што долго време го бараше македонската дијаспора, така што мислам дека ќе имаме позитвни ефекти – изјави вицепремиерот Николоски.

- Advertisement -
Ad image

Тој вели дека Министерството за транспорт ја проектира реализацијата на капиталните расходи оваа година на над 85 % „за што сметаме дека ќе ја засили економијата и ќе влијaеме врз растот на брутодомашниот производ“.

– Градежништвото ќе земе замав пред сè заради проектите што ги реализира државата во делот на патната и железничката инфраструктурa – истакнува Николоски.

Министерот потенцираше дека главен фокус на Владата оваа година ќе биде најголем економски раст во регионот преку реализација на планираните инфраструктурни проекти.

– Очекувам оваа година да отвориме фронт за работа за 67 километри автопат, што за држава како Македонија е прилично солидна бројка во една година. Исто така очекувам оваа година Македонија да биде прва во регионот во делот на економскиот раст, тука пред сè градежништвото ќе зема значаен дел и не мислам само на градежната оператива која што е од приватниот сектор, туку сè она што го стимулира државата пред сè во делот на изградба на автопатиштата, магистралните патишта, понатаму реконструкција на железницата, така што навистина ќе има големи проекти оваа година – истакна вицепремиерот и министер за транспорт.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation