На владината седница што треба да се одржи следната недела се очекува да бидат завршени сите процедури околу кредитната линија од унгарскиот заем наменета за компаниите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На владината седница што треба да се одржи следната недела се очекува да бидат завршени сите процедури околу кредитната линија од унгарскиот заем наменета за компаниите.

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција во Владата рече дека согласно најавите на Владата оваа кредитна линија треба да стане оперативна до крајот на јануари.

– Како Влада најавивме дека до крајот на јануари се очекува кредитната линија од унгарскиот заем наменета за компаниите да стане оперативна. Тоа е веќе следната недела и очекувам на таа владина седница сите овие процедури да бидат завршени со што компаниите ќе можат да ги користат овие финансиски средства – рече Митева во одговор на новинарско прашање.

Кредитната линија за компаниите е дел од унгарскиот заем од половина милијарда евра за што Владата на 8 октомври во Будимпешта го потпиша договорот со унгарската Експорт-импорт банка. Половина од средствата се наменети за компаниите, а половина за општините.

Во однос на тоа кога Владата ќе ги објави имињата на владините советници и колкави се нивните примања, Митева одговори дека тоа ќе се случи откако ќе се заврши целосно процесот на екипирање.

Share This Article