Европската комисија планира промоција на „туристички потценетите“ дестинации во ЕУ како една од мерките за раст и развој на туризмот, но и за пренасочување на посетителите од локациите кои се соочуваат со преоптовареност од туристи.
Ваквите планови, како што најави еврокомесарот за транспорт и туризам Апостолос Ѕиѕикостас, ќе бидат дел од новата Стратегија за одржлив туризам на ЕУ, која ќе има за цел да му овозможи на туристичкиот сектор да продолжи да расте.
Во однос на забелешките за преголем број на туристи на некои дестинации, Ѕиѕикостас оцени дека не постои ништо што се нарекува „преоптоварен туризам“, туку дека станува збор за „неурамнотежен туризам“ и за „погрешно насочување“ на гостите.
Според него, регионите првенствено се фокусираат на промоција на нивните дестинации наместо да „управуваат со протокот на туристи“ и да ги насочуваат кон оние области кои се „туристички потценети“.
Ѕиѕикостас најави и дека новата Стратегија за одржлив туризам на ЕУ треба да биде промовирана во 2026 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
