Кремљ не се плаши од заканите на новиот шеф на САД

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија „не гледа ништо ново во заканите“ од американскиот претседател Доналд Трамп за воведување нови санкции кон земјата доколку не се постигне договор за Украина.

– Не гледаме тука ништо особено ново. Трамп за време на својот прв мандат беше американски претседател кој најчесто прибегнуваше кон методи на санкции – изјави Песков, коментирајќи ги заканите од Трамп за воведување тарифи и санкции на рускиот извоз во САД доколку не се постигне договор за војната во Украина.

Тој додаде дека Русија внимателно ги следи сите изјави од Вашингтон и ги бележи.

Песков нагласи дека Русија останува отворена за дијалог со САД и се надева на продолжување на рамноправни преговори.

– Дијалогот постоеше за време на првиот мандат на Трамп меѓу двајцата претседатели. Сè уште чекаме сигнали што не пристигнале – рече тој.

Трамп вчера изјави дека украинскиот конфликт може да се заврши „на полесен или потежок начин“. Тој апелираше за постигнување договор со Русија за решавање на украинската криза и се закани со воведување царини и санкции на рускиот извоз доколку не се постигне договор.

„Време е да се договориме. Нема повеќе време за губење! Ако не постигнеме договор, нема да имам друг избор освен да воведам високи даноци, царини и санкции за сè што Русија извезува во САД и други земји кои се вклучени“, напиша Трамп на „Truth Social“.

Пратеникот во руската Дума, Леонид Ивлев, оцени дека заканите на Трамп се „празни зборови“ и дека Русија не прифаќа ултиматуми и закани.

– Трамп се обидува да имитира отвореност и искреност, но неговата тактика на закани е погрешна. Ако одлучил да разговара со Русија со ултиматум, прави грешка – изјави Ивлев.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека ваквите закани потсетуваат на ситуации во американскиот бејзбол, кога играчот ја испушта топката надвор од зоната на удар, што не се брои, и предупреди дека таквиот пристап може да доведе до „парична казна“.

Share This Article