Хрватската пејачка Северина Вучковиќ на Инстаграм сподели извадок од книгата „Умри без стрес“ од писателката Ведрана Рудан.
Во книгата што 52-годишната пејачка ја чита за време на одморот на Малдивите, има поглавје наречено „Северина, Тито, јахтата и јас“.
– Пред сто години Северина сними „филм“ кој преку ноќ ја оживеа покојната Југославија. Сите граници во „регионот“ беа избришани. Зјапавме во Северина онака како што го гледавме погребот на Тито, без зборови. Кога некој на Југословените кои веќе тоа не се, би им го поставил прашањето што најмногу ги возбудило откако ја „имаме“ таа наша земја, никој не би се сетил на големите настапи на господин доктор Туѓман, врескањето на дипломираниот економист Милошевиќ, го заборавив името на фирерот. Настапот на Северина нема да го заборавам. Жената направи голем чекор за себе, уште поголем чекор за жените. Таа се покажа во целиот сјај. Прекрасно тело, магична насмевка, ентузијазам, младост…“, стои во извадокот што Северина го фотографирала.
Покрај книгата на Ведрана Рудан, Северина решила со себе да понесе и други книги на одморот.
За потсетување, Северина отпатува на Малдивите со Андреа Чермак, снаата на генералот Иван Чермак. Андреа и беше кума на Северина на нејзината венчавка со Игор Којиќ, а сплитската пејачка и возврати на Андреа на венчавката со Хрвоје Чермак.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
