Претседателот на Судот Иван Џолев донел одлука дека барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо за изземање на судијата Ивица Стефановски не е основано.
Обвинетиот Палевски на претходното рочиште на 20 декември побара да се изземе претседателот на судечкиот совет Ивица Стефановски, затоа што, како што рече, тој бил необјективен, пристрасен и не му дозволил правична одбрана, како и дека не го барал оружјето со кое се извршени убиствата кај другите обвинети.
Сведокот Гоце Трајковски не бил достапен и за ова рочиште, но Обвинителството не го повлекува барањето тој да биде сведок тогаш кога ќе биде достапен за органите.