Ѓоковиќ го затвори тренингот пред дуелот со Шпанецот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новак Ѓоковиќ овој понеделник тренираше во комплексот Мелбурн Парк, но за првпат го затвори тренингот за новинарите и пошироката јавност.

Комплексот го вклучува и Националниот тениски центар на Австралија, кој вклучува и затворени терени. Токму тука Србинот реши да направи генерална проба пред четвртфиналниот натпревар против Карлос Алкараз, кој е закажан за вторник во 11 часот по наше време.

Ѓоковиќ, инаку, цело време тренираше на терените на Националниот тениски центар зад затворени врати во текот на 2023 година, кога последен пат славеше во Мелбурн.

За разлика од Новак, Карлос Алкараз тренираше на отворени терени и сите можеа да ја видат неговата генерална проба за четвртфиналето.

Победникот од овој меч ќе игра во полуфиналето против подобриот од мечот меѓу Томи Пол (САД) и Александар Зверев (Германија).

Share This Article