Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажата на Малдивите каде што отпатува пред неколку дена.
„Врамете ме, складирајте ме, на трошен ѕид, во старо атеље… А,јас го чекам тој повик на литар-два, аритмии кои ми скокаат по срцето, лоша глума и непотребни прашања, паѓа во вода сè кога ќе ја видам…“, напиша 52-годишната пејачка во описот на објавата. Текстот е од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери Јал Брат и Бубо Корели.
Таа претходно позираше во розев, лелеав долг фустан од „Макс Мара“, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Северина во последните неколку дена често објавува како ужива на Малдивите. Таа на Инстаграм објави серија фотографии од летниот одмор во друштво на Андреа Чермак, снаа на генералот Иван Чермак. Андреа и беше кума на Северина на нејзината венчавка со Игор Којиќ, а познатата пејачка и возврати на Андреа на свадбата со Хрвоје Чермак.
„Добро друштво, добри книги, омилен парфем, море, сонце, песок… А каков убав живот. Ние две уште од 2001 година“, напиша Северина на Инстаграм.
Tagged as:
Северина изгледа неверојатно во минијатурно бикини!
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
