Еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил (41), го дочека своето прво дете со девојката Натали Вискузо.
Извор близок до семејството ја потврди среќната вест за магазинот „Пипл“ но не откриле дополнителни детали како што се името, полот или точниот датум на раѓање на бебето.
Исто така, „Дејли мејл“ неодамна објави фотографии од парот како турка количка и ужива во прошетка, а направени се во Австралија, каде Кавил се подготвува да го снима новиот филм „Voltron“, адаптација во живо на популарната анимирана серија од 80-тите.
За потсетување, 41-годишната ѕвезда на „Супермен“ и „The Witcher“ ја потврди за „Аксес Холивуд“ на премиерата на The Ministry of Ungentlemanly Warfare во април среќната вест дека ќе стане татко.
– Навистина сум возбуден поради тоа. Натали и јас сме навистина, навистина возбудени – рекол актерот.
Кавил и неговата 34-годишна свршеница се заедно речиси три години, а својата врска ја открија во 2021 година кога споделија видео на Инстаграм како играат шах.
Двојката го направи своето деби на црвениот тепих на премиерата на Енола Холмс 2 во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија, а исто така накратко доживеа како е да се биде пред камера, откако се појави во хитот на Ем-ти-ву „My Sweet 16“ како тинејџерка.
Нејзиниот 16-ти роденден беше прикажан на шоуто во 2005 година со следниов опис:
„На 15 години, Натали живее во куќа вредна 5 милиони долари и крстари низ градот со Бентли и Ферари на нејзиниот татко. Што би можела повеќе да посака?
Денес, Натали Вискузо е потпретседател на телевизиските и дигиталните студија „Legendary Entertainment“. Тоа е една од компаниите кои стојат зад Cavill’s Man of Steel (2013) и Enola Holmes (2020).