Момче (16) и девојка (14) ноќеска во 2 часот и 50 минути се пронајдени мртви во автомобил во гаража во Рашка, Србија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Момче (16) и девојка (14) ноќеска во 2 часот и 50 минути се пронајдени мртви во автомобил во гаража во Рашка, Србија.

Сè уште нема официјална потврда како починале двајца тинејџери, Давид и Нина, но, српските медиуми неофицијално пишуваат дека се работи за труење со гас.

Обдукцијата на телата ќе покаже што всушност се случило.

– Телата на тинејџерите се пронајдени во автомобил „фолксваген поло“. Полицијата била известена од болницата во Рашка. Лекарите само можеле да констатираат смрт, а Обвинителството наложи итно да се изврши обдукција, по што ќе се знаат повеќе информации – вели извор за Курир.

Ужалените семејства на малолетниците утре засекогаш ќе се простат од своите најблиски.

– Нивните семејства се целосно вон себе. Децата наводно биле во врска. Погребот и на момчето и на девојчето ќе се изврши утре, 20 јануари, на различни гробишта, со оглед дека тинејџерите се од различни места. Неутешните семејства веќе имаат објавено умреници, не можам ни да замислам како се чувствуваат. Децата им починале на голем празник, Водици, тага – вели извор за Курир.

Роднина на Нина вели дека трагедијата е голема.

– Нина е ќерка на мојот внук. Ангел. Таа беше добра ученичка, добро воспитана девојка. Откако слушнавме за трагедијата, никој од нас не може да се смири. Два млади животи згаснаа. Како што велат, биле во автомобил со вклучен мотор и таму ги нашле телата. Кога биле пронајдени, веднаш биле пренесени во болница, но, за жал, лекарите не биле во можност да им помогнат. Обдукцијата ќе биде завршена денеска, а во наредните денови ќе ги знаеме деталите за причината за смртта – вели роднината на починатото девојче за Ало.

Share This Article