Општина Карпош соопшти дека патот меѓу манастирот „Свети Пантелејмон“ и Средно Водно не е безбеден за движење со моторно возило поради голомразица. Локалната власт апелира до возачите да не го користат тој пат.
„Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот. Надлежен за одржување на овој пат е ЈП Македонијапат, но, за жал, до сега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со какво било возило за расчистување на снегот“, информираат од општината.
Оттаму додаваат дека патот во моментот е безбеден само за пешачење, а секое тргнување со возило е на ризик на возачот.