Теодор Јовевски го фати светиот крст што владиката Јосиф го положи во водите на реката Вардар во центарот на Скопје.
Јовевски рече дека првпат се фрла по крстот и се надева дека ќе му донесе среќа.
Одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Скопје почна во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што чиноначалствуваше владиката Јосиф. По завршување на литургијата владиката Јосиф, заедно со свештенството во поворка се упати кон мостот Слобода, од каде го положи крстот во реката Вардар.
Годинава во Скопје беа пријавени над 220 граѓани за фаќање на крстот.