Контроверзното патување во Москва на словачкиот премиер, Роберт Фицо, го предизвика украинскиот претседател Володимир Зеленски дополнително да го критикува својот сосед, пренесе ДПА.
„Фицо јасно греши што верува дека може да ги продолжи своите матни зделки со Москва на неодредено време“, напиша Зеленски на платформата Икс.
Приказот на Зеленски за настаните е следниов: Пред да се запре транзитот на рускиот гас низ Украина, Киев сакал да ѝ помогне на Словачка, но Фицо „дрско ја отфрлил“ оваа понуда, и покрај тоа што бил предупреден од многу европски политичари.
„Сега тој (Фицо) се обидува да ја префрли вината на другите со ПР, лаги и со гласни обвинувања. Но, проблемот е што тој се обложи на Москва, не на неговата земја, не на обединета Европа и не на здравиот разум. Тоа беше неуспешен облог од самиот почеток“, напиша Зеленски.
Зеленски исто така го критикуваше словачкиот премиер за неговиот луксузен живот и за неговата хипокризија.
„Добро е што словачкиот премиер Фицо конечно се врати од својот одмор во луксузен хотел во Виетнам и сега е во Братислава. За него, лично, тоа сигурно е предизвик – да го остави луксузниот живот во обид да ги поправи сопствените грешки“, иронично потенцираше Зеленски.
Фицо отпатува за Москва непосредно пред Божик и разговараше со рускиот претседател, Владимир Путин, за можноста Словачка да се снабдува со руски природен гас.
Киев го прекина договорот за транзит со Европа на крајот на годината за да остане Москва без приходи за воени цели.
Илјадници луѓе во петокот протестираа во 15 словачки градови против политиката за Украина на левичарскиот националист Фицо. Тие го обвинија за проруски курс и за „предавство“ на западните сојузници и на соседна Украина, која е нападната од Русија.
Организаторите на демонстрациите го критикуваа патувањето на Фицо во Москва како „покорност“ на руските интереси.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
