ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ШТИПЈАНИ КОИ ИЗНУДУВАЛЕ ПАРИ И ЗАПАЛИЛЕ АВТОМОБИЛ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Штип нареди спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела изнуда од член 258 став 1 и предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, како што соопштија од Јавното обвинителство, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства.

„ Соочен со сериозни закани кон  сопствениот и животите на членовите на своето семејство, оштетениот ги пријавил осомничените, по што на 4 јануари била организирана средба за да им предаде 30.000 денари. Полициски службеници ги затекнале при обидот да ги преземат паричните средства и ги уапсиле“, се појаснува во соопштението.

Во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Штип обезбедило докази кои даваат основано сомнение дека истите лица на 16 декември, пред зграда на улицата Сремски фронт во Штип намерно запалиле паркиран автомобил „сеат леон” сопственост на една оштетена.  На тој начин со умисла предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените, поради опасноста од бегство, можноста да влијаат врз сведоците или да ги повторат делата. Судот го прифатил предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.

Share This Article