Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека Владата не се откажува од довршувањето на изградбата на Клиничката болница во Штип и дека таа останува еден од главните приоритети во здравствената инфраструктура. Тој најави дека средствата за реализација на овој, како и за неколку други проекти, ќе се обезбедат со финансиска поддршка од странство.
– Македонските граѓани ќе имаат едно големо пријатно изненадување што се однесува до здравствениот сектор во овој прв квартал од оваа година. Во завршни преговори сме со две многу моќни европски држави со коишто имаме намера да потпишеме меѓувладини договори во коишто ќе бидат опфатени неколку проекти за финансирање во делот на транспортот, инфраструктурата, дигитализацијата и на здравството. Во делот од здравството, се разбира наш приоритет од првиот ден на работа на оваа Влада е Клиничката болница во Штип. Тоа што сме го ветиле, што сме го кажале пред македонските граѓани, тоа и ќе го испорачаме – истакна премиерот Мицкоски.
Премиерот потсети дека во штипскo-радовишкиот регион ќе се реализира голем проект во енергетиката, со изградба на ветерен парк, во вредност од околу половина милијарда долари, а најави и уште една странска инвестиција во Штип. Во врска со изградбата на браната на реката Отиња, нагласи дека станува збор за тековен проект чијашто реализација се одвива според планот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
