Background

Нивото на гас во подземните складишта падна на 70%

Европа ги троши резервите на гас побрзо отколку порано  поради студеното време. Големите подземни складишта во Европа се полни нешто повеќе од 70%, во споредба со околу 86% пред една година. Иако не постои ризик од недостиг, брзото исцрпување би можело да го направи складирањето залихи потешко пред следната грејна сезона и ризикува да влијае на краткорочните цени.

Портпаролката на Европската комисија за климатски активности и енергија, Ана-Каиса Итконен изјави дека причина за падот на нивото на резерви на природен гас е поради дефект на норвешкиот производител на гас.

-Нивото на гас во магацините во ЕУ е околу 70%, а поголемо количество е повлечено од лани поради ремонтот во норвешките производствени капацитети, објави портпаролката на Европската комисија за климатски активности и енергија, Ана-Каиса Итконен.

- Advertisement -
Ad image

Непланираните прекини кај главните добавувачи може да влијаат на кревката рамнотежа и промените на цените во регионот. Во Норвешка, фабриката за ЛНГ „Хамерфест“ ја прекина работата до 9 јануари поради дефект на компресорот.

Нивоата на складирање, според податоците на Гас инфраструктура Европа, паднаа за 25% од својот врв – повеќе од било кој пад од 2018 година.

– Колку пониските нивоа на складирање се на крајот на март, толку потешко ќе и биде на Европа да ги надополни пред следната зима – изјави Саманта Дарт, шефица на истражување во групацијата Голдман Сакс.

Европа, исто така, е сè поизложена на нестабилноста на пазарот бидејќи се потпира на глобалниот течен природен гас за да ги надомести недостатоците што ги остави поради прекинот на транзитот на рускиот гас низ Украина.

Цените на гасот се зголемија за 4% минатата недела и се блиску до најниското ниво во последните 14 месеци, бидејќи пазарот се бори со намалените залихи.

Европските фјучерси на гас за февруари денеска се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 47,975 евра за мегават-час.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation