Background

Сашо Дранго ќе биде сменет од функцијата ако се потврди дека ја убил мечката, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе следи одговорност за заменик-директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго, ако се утврди дека тој ја застрелал мечката со која се фотографираше во декември.

– Доколку се потврдат овие тврдења, ќе барам одговорност и ќе биде под итно разрешен. Таквите девијантни однесувања доколку се потврдат, јас ниту ги оправдувам, ниту имам намера да ги амнестирам, рече Мицкоски на новинарско прашање по присуството на божиќната литургија во Соборниот храм во Скопје.

Невладината организација за заштита на животните „Анима Мунди“ минатата недела објави дека заменик-директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, Сашо Дранго, се фотографирал со мечка и носи пушка со снајперски нишан, поради што тврдат дека ја застрелал во декември 2024 година.

- Advertisement -
Ad image

Од „Анима Мунди“ посочија дека мечката е класифицирана како дивеч под заштита и нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането за што е предвидена и затворска казна. Од невладината организација најавија дека ќе поднесат кривична пријава против Дранго и очекуваат негово разрешување од функцијата.

По објавта на „Анима Мунди“, заменик директорот на Македонија пат во изјава за една национална телевизија кажа дека тој не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа. Дранго и вработените во „Македонија пат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа. Тој уверува и дека за инцидентот има записник и во полициската станица во Битола, но од таму негираа дека има пријава.

Од Основното јавно обвинителство од Битола изјавија дека ќе отворат предмет за случајот со мечката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation