Одбележана 13-годишнината од смртта на Киро Глигоров

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На денешен ден пред 13 години почина првиот претседател на самостојна и независна Македонија, Киро Глигоров.

Делегација на Владата, предводена од министерот за јавна администрација, Горан Минчев положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште на Градските гробишта Бутел во Скопје, во израз на почит кон животот и делото на претседателот Глигоров, кој го посвети својот живот на визијата за мирна, стабилна и напредна Македонија.

„Делегацијата се потсети на неговото мудро раководење во еден од најпредизвикувачките периоди од историјата на нашата држава, како и на неговата улога во обезбедувањето на независност преку мирен пат“, соопшти кабинетот на Минчев.

Министерот Минчев нагласи дека делото на Киро Глигоров е трајно врежано во темелите на современата македонска држава и дека неговата визија продолжува да инспирира генерации.

„Киро Глигоров беше симбол на мудрост, достоинство и државничка одговорност. Неговата посветеност кон демократијата и суверенитетот останува светла точка во нашата историја“, истакна Минчев.

И делегација на СДСМ, претставена од потпретседателката Каја Шукова, генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ и пратеникот Митко Трајчулески положи свежо цвеќе и оддаде почит на вечното почивалиште на Глигоров.

„Денеска се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство постави темели на модерната македонска држава. Неговите вредности, историските одлуки и државничкиот пристап оставија трајни белези во нашето општество и се патоказ за нашата борба за напредок и просперитет. Киро Глигоров е симбол на дијалог, помирување и обединување. Во најтешките моменти за нашата држава, тој покажа лидерство и визија кои овозможија стабилност и напредок. Неговата верба во заедништвото, демократските вредности и европските перспективи остануваат наша инспирација за иднината“, соопшти СДСМ.

Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Tој имаше активна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање.

- Advertisement -
Ad image

По референдумот на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за независна и суверена држава, Глигоров на 25 јануари 1991 година во Собранието беше избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија.

На 7 март му го довери мандатот на Никола Кљусев за формирање на првата влада, а по донесувањето на Уставот, ги презеде сите активности за меѓународното признавање на Македонијав.

На 3 октомври 1995 година, врз него беше извршен атентат во Скопје. По неколкумесечното лекување, на 10 јануари 1996 година Глигоров се врати на својата претседателска должност.

- Advertisement -
Ad image

На 17 ноември 1999 година го заврши својот втор претседателски мандат на 82 годишна возраст. Почина на 1 јануари 2012 година на 94 години во својот дом во Скопје.

Глигоров беше добитник на бројни меѓународни награди и признанија и беше ценет и вреднуван за својата работа од целиот свет.

Share This Article