Претеседателот на Русија Владимир Путин преку дипломатски канали предложил претставници на Германија, Франција и Велика Британија да пристигнат во Москва на разговори за Украина. Поканата до трите европски сили доаѓа по притисокот од Вашингтон Европа да добие место во мировниот процес.
Поканата претставува пресврт во однос на претходните пораки од Кремљ. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на 9 ноември го исклучи учеството на Европејците на преговорите во Абу Даби, додека на 13 ноември нагласи дека Москва сè уште не донела одлука дали ќе им дозволи место на преговарачката маса.
Денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков потврди дека Москва чека одговор од таканаречената европска тројка, позната како Е3.
– Чекаме одговор на поканата. Доколку биде позитивен, подготовките ќе бидат спроведени максимално брзо и квалитетно – изјави Рјабков, пренесе руската агенција „Интерфакс“.
Путин вчера, за време на престојот во Кина, откри дека предлогот веќе бил испратен преку дипломатски канали.
– Треба да разбереме што Европејците носат на овие преговори. Затоа преку дипломатски канали им предложивме да дојдат во Москва за да ја разјасниме нивната позиција – изјави рускиот претседател.
Тој објасни дека Москва дури потоа ќе одлучува во каков формат ќе продолжат разговорите за Украина.
Рјабков нагласи дека евентуалното пристигнување на европските претставници не значи и нивно автоматско вклучување во преговорите меѓу Русија, Украина и САД.
Москва сака најнапред да разговара за европската безбедност и да утврди какви предлози носат трите земји.
Путин претходно призна дека Вашингтон настојува европските претставници да бидат вклучени во мировниот процес.
– Разбираме дека е бесмислено да се разговара за безбедносни прашања, вклучително и за европската безбедност, без Европејците – рече тој.
Минатата недела претставници на Русија, Украина и САД одржаа разговори во Абу Даби, први такви по девет месеци.
Средбата донесе договор за голема размена на заробеници, но не и значителен напредок кон завршување на војната.
Европските земји бараат поголемо учество во преговорите, особено поради прашањата за идните безбедносни гаранции за Украина.
На неформалниот самит во Даблин на 13 ноември, европските лидери се договорија за составот на поширок преговарачки тим, во кој покрај Германија, Франција и Велика Британија се предвидени и Италија, Полска и претставници на европските институции.
Tagged as:
3 ЕВРОПСКИ СИЛИ ДОБИЛЕ НЕОЧЕКУВАНА ПОКАНА ОД ПУТИН
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
