Полицијата во изминатото деноноќие приведе 14 возачи низ државата поради опасно и неодговорно однесување зад воланот.
Најголемиот дел од нив, дури деветмина, управувале возило без возачка дозвола. Тројца биле фатени како возат под дејство на алкохол, додека двајца седнале зад волан и покрај тоа што имале активна забрана за управување.
Без дозвола биле затекнати тројца возачи во Скопје, двајца во Прилеп и по еден во Велес, Гевгелија, Валандово и Тетово. Токму во Тетово, еден од возачите без дозвола претходно учествувал и во сообраќајна незгода.
Под дејство на алкохол биле откриени возачи во Скопје, Охрид и Неготино. Во Охрид, пијан возач предизвикал и сообраќајна несреќа.
Во меѓувреме, возачи со активна забрана биле затекнати во Битола и Кичево.
Против сите нив ќе следуваат кривични пријави по завршување на постапките.
Од полицијата повторно апелираат до граѓаните да не седнуваат зад волан без дозвола, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните правила, со цел да се намали бројот на несреќи на патиштата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
