Звукот на експлозии се слушнаа во позадината кога претседателот на Република Српска Милорад Додик даваше изјава во Кибуц Бери при неговата посета на Израел.
Овде сме во Кибуц Бери каде што… – вели Додик, а потоа камерата се врти кон небото снимајќи проектили истрелани од израелската „Железна купола“, противракетен систем кој одбиваше напад со проектили од милитантната грпа Хамас.
Човекот кој во тој момент стоел до Додик вели дека тоа било пресретнување на проектил.
Додик е во посета на Израел, каде што треба да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Кибуц Бери е местото на првиот напад на Хамас во Појасот Газа.
Додик слета во Тел Авив со авион на Република Српска и покрај распишаната потерница по него. Според достапните информации, Граничната полиција на БиХ не го спречила при заминувањето од земјата, иако по него била распишана централна потерница, што укажува на сериозни пропусти во работата на надлежните органи.
Лидерот на Република Српска направи споредба меѓу него и Нетaнјаху велејќи и дека има многу сличности меѓу неговата земја и Израел.
– Ги има многу. И двата наши народи се соочуваат со постојани обиди да им го ускратат правото да постојат и сами да одлучуваат. И премиерот Нетанјаху и јас сме цел, не затоа што направивме нешто лошо, туку затоа што нема да попуштиме. Кога не можат да ве победат на изборите, тие се обидуваат да ве отстранат на други начини – изјави Додик кој пристигна во Израел за да присуствува на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот и да изрази солидарност.
Пред конференцијата, тој зборувал за „JNS“ за неговата „непоколеблива поддршка за Израел“, која ја нарекол и „земја чија сила, историја и решителност длабоко ја почитува“.