Background

ЗНАМ не се распаѓа, но партијата на Максим Димитриевски се кине на сите шавови

Политичкото движење, односно партија ЗНАМ, според Максим Димитриевски, не се распаѓа, но реалната состојба внатре во партијата е далеку покритична, бидејќи структурата буквално се кине на сите шавови.

Од најновата реконструкција на Владата, која ќе се случи под раководство на Христијан Мицкоски, нема место за досегашниот министер за правда, Игор Филков. Веднаш потоа следеше извесна доза на симулирано незадоволство во провладините медиуми, при што се пласираше теза дека ЗНАМ наводно не се согласува со ваквата одлука. Од друга страна, министерот Минчев, се бори за поинаква цел, со секоја цена да се задржи министерската фотелја, без оглед на тоа кој ја заслужил или кој ја предвидел реконструкцијата.

За период од две години, ЗНАМ изгуби половина од своето членство. Единствено Куманово, каде делува Максим Димитриевски (благодарение на ромите), останува нивна релативно стабилна основа. Состојбата во Битола, каде нивна претставничка е Весна Бендевска, се оценува како трагична, со партијата практично во исчезнување. Во Скопје, присуството на ЗНАМ веќе речиси не постои.

- Advertisement -
Ad image

Единственото место каде партијата сè уште задржува извесен степен на влијание е Охрид, благодарение на Јован Мирчевски, познат како Пупе, и неговата екипа, каде, според расположливите податоци, бројат околу деветстотини членови и симпатизери.

Иднината на ЗНАМ, изгледа, е во силна надолна линија. Доколку на наредните парламентарни избори настапат самостојно, нивниот изборен резултат реално ризикува да се толкува како статистичка грешка. Сепак, информациите со кои располага редакцијата на Охридскај, посочуваат дека доколку се случат предвремени избори, ЗНАМ најверојатно ќе биде дел од поширока коалиција, како придружна партија на ВМРО ДПМНЕ. Во таков сценарио, единствената реална надеж за партијата би била евентуално министерство за статистички грешки, доколку такво воопшто некогаш се отвори.

С.Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation