Дејвид Муир (51), водителот на ABC News, е цел на потсмев на социјалните мрежи, каде што го нарекуваат „патетичен“ и „нарцисоиден“ затоа што користел штипки за да ја држи својата пожарна јакна додека известувал од местото на катастрофалните пожари во Лос Анџелес.
„Њујорк пост“ пишува дека Муир го прикажувал огнот опустошениот кварт Пацифик Палисадес, кога камерата го покажала она што тој веројатно не го сака.
– Како што можете да видите овде зад мене… – вели Муир, свртувајќи се кон остатоците од куќите, а во тој момент на задниот дел од јакната јасно се гледа дрвена штипка за алишта.
Тој ја искористил за да му ја затегне јакната за подобро да му стои.
„Убава јакна, брат. Мило ми е што изгледате убаво и витко со тие штипки додека нашиот град гори до темел“, напиша на социјалните мрежи Џек Озборн, син на хеви метал пејачот Ози Озборн.
Ниту другите не го поштедија Муир, нарекувајќи го нарцис.
„Ви покажува кои се неговите приоритети… тој е дефинитивно момчето во теретана што не може да престане да се загледува во огледало“, напиша еден корисник X.
Некои најдоа логично објаснување.
„Тоа е всушност паметно. Ветерот дува и јакната не му трепка. Не ми се допаѓа премногу, но тоа е добар трик“, напишал друг корисник.
Во негова одбрана излегоа некои негови колеги водители кои изјавија дека и самите често си „си помагаат“ со штипки на терен.